Антониа Гиговска повторно го расплака жирито во „Пинкови ѕвездички – ол старс“. Додека таа ја пееше „Полско цвеќе“ од Тоше Проески, Гоца не престана да плаче, а воодушевена беше и Наташа Белквалац.
„Тоше овој јануари ќе наполнеше 38 години. Беше во најдобрите години и ќе пееше како змеј. Него го нема, ама затоа ти си тука“, ѝ рече Тржан на Гиговска.
Наташа ја пофали Антониа за емотивното пеење, велејќи дека во секоја нова емисија е се подобра.
„Првпат во животот ми се случува да ми се наежи стомакот. Ми се ежел вратот, рацете, ама никогаш стомакот. Вака изгледа достоинствен настап. Ми пренесе толкава емоција, што сум се уште парализирана“.
Ни Антониа не можеше да ги скрие емоциите, па рече дека песната му ја посветува ва Тоше.
„Тој е мојот идол. Сигурна сум дека не гледа од горе“, рече Гиговска.
Антониа Гиговска: На сон ми дојде Тоше ноќта пред да победам
Текстот (Видео) Со песна од Тоше, Антониа го расплака жирито на „Пинкови ѕвездички“ е превземен од Reporter.mk.