Хрватскиот пејач Тони Цетински, кој сношти одржа концерт на Ташмајдан во Белград, ја расплака публиката со песната „23 декември“, посветена на Тоше Проески, но и и многу други починати уметници. Додека ја пееше песната, зад него на видео-бим се прикажуваа слики од Тоше, Небојша Глоговац, Оливер Драгојевиќ, Драган Николиќ, Арсен Дедиќ, Бата Стојковиќ, Миодраг Петровиќ – Чкаља, Павле Вуисиќ, Дино Дворник и неговиот татко Борис Дворник, Влада Дивљан и многу уметнци од овие простори.
Песната, оригинално e напишана за девојка што починала откако со колата излетала во провалија додека брзала да стигне на свадба. Иако никогаш не потврдил дали е автобиографска песна, во Хрватска и денес се зборува дека Цетински ја напишал песната за неговата тогашна девојка.
Српските медиуми пишуваат дека концертот на Цетински е еден од најемотивните и најубавите што се одржале во Белград во последните неколку години.
Видеото од концертот и песната „23 декември“ можете да го погледнете ТУКА.
Текстот (Видео) Со песна посветена на Тоше, Тони Цетински ги расплака белграѓани е превземен од Reporter.mk.