Глумицата и пејачка Тања Кочовска по подолго време сними нова песна. Емотивната балада „Светулка божја“, велат авторите, е посветена на починатата македонска ѕвезда, Тоше Проески. Музиката за песната ја направи Роберто Панчевски, текстот е на Миодраг Врчаковски, а аранжманот е на Кире Костов.
„Со оваа песна сакаме да му оддадеме почит на Тоше“, велат авторите.
За потсетување, денес се обележуваат 12 години од смртта на Проески. Тој загина во сообраќајна несреќа кај местото Нова Градишка, Хрватска, на 16 октомври 2007 година.
Текстот (Видео) „Срцево ти прави скали да дојдеш меѓу нас“: Тања сними емотивна балада за Тоше е превземен од Reporter.mk.