Облечена во жолт танга костум за капење српската старлета Станија Добројевиќ вежба на плажа во Мајами. Таа на своите следбеници на социјалните мрежи им порача да вежбаат напорно, а најмногу да обрнат внимание на кардиовежбите.
„Драги мои, летото е совршено време да се донесе линијата до совршенство! Висока температура, помалку чувство на глад, многу течност и нема подобро време да изгубите од вишокот килограми најбрзо што можете! Ако имате вишок сол или килограм повеќе, летото и топлината овозможуваат да се ослободите од нив доколку правите кардиоваскуларни вежби на сонце! Препорачувам заштитен фактор, многу пливање и оваа кардиовежба“, напиша старлетата покрај видеото.