Бојан и Марија од „Ај Кју“ ја преработија една од најпознатите стари македонски песни-„Јано мори“. Тие велат дека наскоро треба да излезе и верзија на англиски јазик чија промоција ќе биде следниот месец.
Бендот годинава ја промовираа својата нова песна Love Me, Hate Me. Песната на англиски јазик ја снимија во студио во Лондон. Ова е втора песна што дуото ја снима во Британија, откако лани ја испеаја Dancin.
Се надеваме, дека песната ќе се најде на англиските топ-листи, изјави тогаш Марија за „Репортер“.
„Ај кју“ пред две години ја претставуваа Македонија на Евровизија со песната Lost аnd Found. Оттогаш, настапуваа на повеќе евровизиски забави низ Европа, а имаа и неколку концерти во Австралија.
Текстот (Видео) Старата македонска „Јано мори“ во модерна верзија на „Ај кју“ е превземен од Reporter.mk.