Седумкратниот шампион на Австралија опен, Новак Ѓоковиќ беше пречекан од неговите деца Стефан и Тара во семејниот дом во Монако.
Српскиот тенисер на социјалните мрежи сподели видео во кое тој во домот беше покриен со конфети. Стефан и Тара фрлија еден куп шарени ливчиња врз Ноле, среќни и задоволни што нивниот татко се врати дома.
„3,2,1 фала за сите конфети“, напиша Новак на Инстаграм и се заблагодари на своите спонзори за опремата и неговата сопруга Јелена за организираниот дочек.
Текстот (Видео) Стефан и Тара го дочекаа Ѓоковиќ во Монако е превземен од Reporter.mk.