Скопскиот поп-рок бенд „Ту-би“ (2BE) дебитира на македонската музичка сцена со „100 песни“. Комплетен автор на нивниот прв сингл е Ѓорги Крстевски.
„Веќе подолго време работиме на наша авторска музика, но не беше тешко да одлучиме дека првата песна ќе му ја довериме на докажаниот автор Ѓорги Крстевски“, велат од триото.
Спотот за песната е снимен со техниката „снимање одеднаш во еден кадар“ и е меѓу првите такви видео-записи во Македонија.
Триото „Ту-би“ го сочинуваат Љупче Стојановски – гитара и вокал, Тино Стојановски – гитара и Синиша Зукиќ – тапани и кахон. Изминатите две години тие активно настапуваат низ Македонија, а заедно со Александра Јанева ги реализираа преработките од проектот #summerjam.
Текстот (Видео) Сто песни на „Ту-би“ е превземен од Reporter.mk.