(Видео) Стојанче Ангелов крши ќерамиди со глава

Поранешниот полициски генерал, Стојанче Ангелов, инаку активен твитерџија, се пофали дека искршил две ќерамиди со глава на вчерашното доделување на Твитер наградите. Тој на социјалните мрежи објави кратко видео.

„На барање на дел од твитер-заедницата на вчерашното доделување на Твитер наградите, скршив две ќерамиди, овојпат со глава. Целото видео од мојот настап, во текот на денот“, напиша претседателот на партијата „Достоинство“.

По доделувањето на наградите, забавата се префрли на Твитер. „Ќе формирам невладина за заштита на ќерамидите“, „Стојанче да си ја смени точката“, „Генерале, сомнителен ми е предниот дел од капата“, „Никој не ги жалеше кутрите ќерамиди“, се само дел од коментарите.

КРШЕЊЕ ЌЕРАМИДИ СО ГЛАВАНа барање на дел од твитер заедницата на вчерашното доделување на “Твитер награди“ скршив две ќерамиди, овојпат со глава. Целото видео од мојот настап, во текот на денот.

Gepostet von Стојанче Ангелов am Sonntag, 23. Dezember 2018

Текстот (Видео) Стојанче Ангелов крши ќерамиди со глава е превземен од Reporter.mk.