Македонскиот рапер Ненад Ставровски – Нешо деновиве објави нова песна со наслов „Ќе биде“. Во спотот се појавува и младата пејачка Валерија и ракометарот на Вардар, Столе Стоилов.
Нешо вели дека е презадоволен од песната и дека е една од неговите омилени во неговиот прв соло-албум „Балканизам“ што го промовираше на 10 мај.
„Оваа песна е една од моите омилени од мојот прв соло-албум. Преку песната сакам да пренесам дека треба да се научиме да ја кренеме главата по секој пораз и да се движиме кон следната рунда од животот“, вели Нешо.
Текстот на песната го напиша Нешо, а музиката и аранжманот се на Темелко Андреев.
Текстот (Видео) Столе Стоилов во спотот на Нешо и Валерија е превземен од Reporter.mk.