(Видео) Тамара сними спот во Грција, песната е за Хана

Поп-пејачката Тамара Тодевска деновиве во Грција го снима спотот за песна „Довидување таго“, која ѝ ја посвети на ќерка си Хана. Пејачката не издржа, па на својот инстаграм-профил сподели кусо видео направено на плажата Амулијани, додека се снимал спотот.

Тамара во моментов е на Халкидики во Грција, на летување со семејството. Времето поминато таму го искористи и за снимање на спотот. Режисер на видеото е Чедо Поповски.

Пејачката најави дека работи на новиот албум кој треба да го промовира оваа година, а откри и дека е бремена вторпат и дека Хана наскоро ќе добие брат или сестра.