(Видео) Теа сними нов спот во Анталија

Пејачката Теа Трајковска го промовира спотот за својата најнова песна „Што би било“. Теа е автор на текстот и вели дека досега ова е нешто поинакво од сè што работела претходно. Лазар Цветкоски работеше на музиката и аранжманот. Видеото го работеше Даниел Јовески, а се снимаше во Анталија, Турција.

„Ова е една од моите најубави песни. Мислам дека со Лазар направивме одлична работа и дека одбравме во кој правец ќе ја насочиме мојата музика во иднина“, вели Теа.

Режисерот Јовески вели дека Теа одлично се вклопила во неговата замисла за спотот и дека ова било неговото најкратко снимање досега.

 

„Спотот го снимавме само четири часа. Можете да замислите. Успеав да ги исполнам сите барања на Теа. Таа знае што сака и секогаш го дава најдоброто од себе. Задоволство ми е да работам со уметник како што е таа“, вели Даниел.

Текстот (Видео) Теа сними нов спот во Анталија е превземен од Reporter.mk.