Поп-пејачката Тијана Дапчевиќ денес слави 43. роденден. Наместо со торта, вели, решила да ги почести своите фанови, ама и самата да се почести со нова песна, „Презир“. Спотот го сподели на социјалните мрежи, па доби честитки ем за роденденот, ем за песната.
„Нека ми е среќен роденденот. Наместо торта – нова песна, од истите автори што ја направија „Ресет“, оти екипата што создава магија не треба да се менува. Слушајте, уживајте и пишувајте ми – читам се и ве следам сите“, напиша пејачката покрај видеото.
Автор на песната е Александар Делиќ – Динге, а режисер на спотот е Махир Сахироџиќ.
Текстот (Видео) Тијана се почести со нова песна за роденденот е превземен од Reporter.mk.