Кога Корона дознал дека Хенкс и неговата сопруга се заразени со смртоносниот вирус, тој им испратил писмо со желба за брзо опоравување. Исто така во писмото им се пожалил дека бил етикетиран во школото поради своето име.
„Го сакам моето име, но во школо ме нарекуваат коронавирус. Тажен сум и гневен кога луѓето ќе ме викаат така“, им напишал Корона на Том и Рита.
Хенкс се сетил на својата машина за пишување, од брендот „Корона“, која ја понел со него во Австралија, каде снимал филм за Елвис Присли. Тој решил да му ја подари на момечето. Покрај подарокот му напишал и писмо.
„Мислам дека оваа машина за пишување ќе ти одговара. Поради твоето писмо, мојата жена и јас се чувствувавме поубаво. Фала ти што си така добар пријател. Пријателите прават нивните пријатели да се чувствуваат убаво кога се доле. Ќе се видиме на телевизија. Иако се вратив во Америка и сега сум целосно здрав, поради твоите писма и понатаму се чувствувам убаво“, му напишал Хенкс на момчето.
„Прашај ги родителите како функционира оваа машина, па напишими уште едно писмо“, завршил глумецот.
За потсетување Хенкс и неговата сопруга Рита, пред повеќе од еден месецн на „Твитер“ напишаа дека се тестирале на коронавирусот во Австралија каде работеле на филмот, по што почувствувале замор и болка со блага топлина.
„Се чувствуваме малку уморени, како да имаме настинка и чувствуваме болки. За да бидеме на чисто, веднаш се тестиравме и ги испочитувавме препораките на лекарите. Ни беше утврдено дека сме позитивни на коронавирус“, напиша тогаш Хенкс.
Двојката од тогаш вели дека се чувствува здраво, но и понатаму своите обожаватели ги предупредува на опасноста од вирусот.
Текстот (Видео) Том Хенкс му испрати подарок на момче кое го исмевале заради името Корона е превземен од Reporter.mk.