Македонската пејачка Лина Пејовска вчера пееше во финалето на хрватското музичко шоу „РТЛ Ѕвезди – Летен хит“. Таа се пласираше меѓу петте најдобри, но не победи. Откако во дует со Нина Бадриќ ја испеа песната „Да се опет теби вратим“ и испадна од натреварувањето, членовите на жирито открија дека се разочарани што нема подобар пласман.
„Ти, Лина, веќе воопшто немаш простор за напредување, затоа што ти си на максимумот“, ѝ рече композиторот Тончи Хуљиќ. Тој додаде дека ќе разговара со неколку хрватски композитори за и тие да се ангажираат околу идната кариера на Лина, но и на сите финалисти на шоуто.
Пофалби за настапот на 16-годишната Лина имаше и Петар Грашо. Тие во полуфиналето минатата недела пееја дует.
„Колку одеше песната напред, толку беше потешко. Сите вечерва можат да бидат победници и тоа е одлично, но и неверојатно тешко,“ ѝ рече Грашо.
Јавноста ја запозна Пејовска пред неколку години кога учествуваше во музичкото шоу „Пинкови ѕвездички“. Таа беше меѓу 60 натпреварувачи во „РТЛ Ѕвезди – Летен хит“, а во шоуто влезе како една од 2000 пријавени учесници.
Победник во финалето е Армин Маликиќ. Тој пееше во „Х-фактор“ истата година кога во шоуто победи Даниел Кајмакоски.
Настапот на Лина со Нина Бадриќ погледнете го ТУКА.
(Видео) Лина Пејовска влезе во финалето на најпопуларното хрватско музичко шоу
Текстот (Видео) Тончи Хуљиќ ќе ѝ прави кариера на Лина Пејовска во Хрватска е превземен од Reporter.mk.