Тони Андреев, пејачот кого публиката го запозна со учеството во музичкото шоу „Сите наши песни“, ја промовира својата прва песна „До мене, а толку далечна“. Музиката за песната во поп ритам ја направи самиот Тони, а текстот го напиша тој во соработка со Кристина Цонева. Аранжманот на песната е на Драган Ристовски. За песната Тони сними и спот кој го режираше Алек Тасевски од „Либеро бенд“.
„Заради певливоста и едноставноста, верувам дека песната ќе ги освои и најпребирливите. Вложивме многу енергија за да ѝ подариме на публиката убава модерна песна што ќе остане да се слуша. Оваа песна е нова страница во работата која најмногу ја сакам, музиката. Со нетрпение ги очекувам првите коментари по интернет промоцијата, рече Тони.
Текстот (Видео) Тони Андреев е ново име на музичката сцена е превземен од Reporter.mk.