12-годишната Марија Спасовска ќе ја пее баладата „Дома“ на Јуниорската Евровизија што оваа година ќе се одржи на 25 ноември во Минск, Белорусија. Македонската претставничка ќе пее песна од Дарко Димитров. Текстот за песната го напишаа Дарко и Елена Ристеска.
„Песната ‘Дома’ има топла и хумана порака за сите, секое дете да го најде својот топол дом, да се згрижат децата од целиот свет“, вели Марија.
Вчера беше промовирано и видеото за песната. Спотот во режија на Чедо Поповски се снимаше во Македонската опера и балет, а Марија е облечена во креации од Елена Лука. Таа ја дизајнира и облеката што Марија ќе ја носи на сцената во Минск.
„Секој ден се подготвувам за настапот, пеам со професорката Ана Костадиновска, а ја вежбам и кореографија со Љупка Јакимовска која ќе биде и режисер на мојот настап на Евросонг“, додаде Марија.
Оваа година на Јуниорската Евровизија ќе се претстават 20 земји, најмногу до сега. Ќе се организира и онлајн-гласање, а секоја земја учесничка ќе може да гласа за својот претставник. Музичкиот фестивал ќе се пренесува на МРТ на 25 ноември од 17:00 часот.
„Со нетрпение чекам третпат да застанам пред 15.000 публика во големата арена во Минск“, вели Марија.
Текстот (Видео) „Топол дом за секое дете“, пее Марија во евровизиската песна е превземен од Reporter.mk.