(Видео) Трио „Џентлмен“ сними спот за „Изгреј сонце“

Баладата „Изгреј сонце“, со која триото „Џентлмен“ се натпреваруваше на „Макфест“ доби видо спот. Автори на музиката и
аранжманот се членови на триото, Кристијан Антовски, Дарко
Нешовски и Дејан Стоев, а стиховите се на Филип Цветков. Спотот го режираше Александар Николоски. Во спотот се појавува и
балерината Христина Ангеловска. Освен на „Макфест“, поп-оперското трио со „Изгреј сонце“ настапи и на меѓународниот фестивал „Златен костен“ во Петрич, Бугарија, каде што ја освои втората награда од публиката.

Текстот (Видео) Трио „Џентлмен“ сними спот за „Изгреј сонце“ е превземен од Reporter.mk.