Првата Мис на Македонија, Вера Мештеровиќ, ја има главната улога во новиот спот на српската група „Галија“. Таа е единствениот лик што се појавува во видеото за песната „Нешто ме гони“. Во спотот Вера шета и танцува низ улиците на Лос Анџелес и на плажата Малибу. „Неверојатно е секси, а мајка на две деца“, стои во коментарите на видеото.
„Режисерот Драгослав Улиќ – Даг живее во Лос Анџелес, таму е снимено и видеото. Мислам дека видеото е добредојдено во денешната наезда на примитивизам кога женското тело пречесто се прикажува експлицитно, просто и банално. Благодарение на Вера и Даг, ние го покажуваме како нешто најубаво, природно и величенствено“, рекол пејачот на „Галија“, Ненад Милосављевиќ за српските медиуми.
Ова е прва соработка на момците од „Галија“ со Мештеровиќ, која беше избрана за Мис на Македонија во 1996 година. Вера долги години се занимаваше со манекенство, па се повлече кога стана мајка. Таа кон крајот на минатата година се разведе од фудбалерот Игор Кралевски, со кого има две деца, и се почесто снима модни едиторијали и рекламира козметички производи.
Текстот (Видео) Вера Мештеровиќ се разголе за српски спот е превземен од Reporter.mk.