Полицијата морала да интервенира на повикот на граѓаните поради галамата која доаѓала од станот на поранешниот шеф на британската дипломатија Борис Џонсон и неговата партнерка Кери Симондс, пренесува „Гардијан.
Полицијата во петокот пристигнала во домот на Џонсон, откако соседите ја пријавиле прегласната бучава, викање и тропање кое доаѓало од неговиот стан. На новинарите им кажале дека слушнале жена како вика, а пропатно и се слушале кршења на чинии. Го слушнале и Џонсон кој почнал да вика.
„Тргни се од мене! Излегувај од мојот дом!“, сведочеле соседите кои објасниле дека го слушнале Џонсон како бара од Кери да му го остави лаптопот.
Потоа ја слушнале и Симондс како вика на Џонсон. Полицијата изјавила дека со вино била уништена софата, како и изјавата на Кери која сведочела дека не и се важни парите на нејзиниот сопруг.
Соседите велат дека слушнале кршење на чинии, па почнале да тропаат на вратата за да видат што се случува. Но, никој не отворил, по што решиле да повикаат полиција.
По две минути откако полицијата пристигнала, ги затекнала Џонсон и неговата партнерка Кери, која е поранешна портпаролка на Конзервативната партија, во добра состојба.
„Немаше никакви кривични дела или загриженост и немаше причина за акција на полицијата“, велат од службите.
Кери беше една од тимот кој ја покрена кампањата за избор на Џонсон за претседател на Кознервативците. Минатата година по 25 години брак, Џонсон ја остави својата поранешна сопруга Марина Вилер и ја почна врската со Кери, со која од пред неколку недели почна и заедно да живее.
Текстот (Видео) Викање, тепање и кршење чинии во домот на Борис Џонсон, интервенирала полицијата е превземен од Reporter.mk.