(Видео) Вин Дизел низ улиците на Шкотска го снима деветтото продолжение на „Брзи и бесни“

Актерот Вин Дизел објави видео од снимањето на деветтото продолжение на „Брзи и бесни“. Сцената со полициските бркотници се случува низ улиците на Единбург во Шкотска.

„Да, ова се ‘Брзи и бесни 9’, а денес сум еднакво благословен како и денот кога почнавме“, напишал актерот.

Во новото продолжение глумат Џон Сина, Мишел Родригез, Шарлиз Терон, Хелен Мирен и Натали Емануел. Снимањето на најновото продолжение ќе остане запаметено по несреќата што се случи со едниот каскадер и дублер на Дизел. Тој падна на глава, од височина од 10 метри.

Каскадерот на Дизел веднаш бил префрлен во болница, а лекарите пренесоа дека се здобил со тешки повреди на главата. Дизел во тие моменти се наоѓал во непосредна близина. Се претпоставува дека несреќата се случила поради кинењего на безбедносните кабли, додека каскадерот скокнал од балконот.

„Вин Дизел беше на местото на несреќата неколку секунди подоцна. Беше шокиран и едвај се воздржа да не заплаче“, изјавил извор близок до актерот.

На Дизел ова не му е првпат да доживее трагедија во текот на снимањето. Неговиот дублер Хари Оконер загинал за време на летањето со падобран, поврзан за глисер во 2002 година, за време на сетот на „Трпл икс“.

Неговиот колега од филмот „Брзи и бесни“, Пол Волкер, загина во автомобилска несреќа за време на снимањето на седмото продолжение во 2013 година. По деветтиот филм, во план е и снимање на последниот десетти од „Брзи и бесни“, кој е најавен за 2 април 2021 година.

 

 

 

Текстот (Видео) Вин Дизел низ улиците на Шкотска го снима деветтото продолжение на „Брзи и бесни“ е превземен од Reporter.mk.