(Видео) Влатко растури- „Учи ме мајко, карај ме“ за сите времиња

Легендарниот гитарист Влатко Стефановски доби две награди на Златна бубамара, за албумот „Мајчин јазик“ и за концерт на годината.

Стефановски на сцената ги спомена својата почината сопруга и братот Горан Стефановски, кој го изгуби на крајот од минатата година.

„Ги загубив сопругата и брат ми, ама наградите се за моите деца“, рече познатиот гитарист. Музичарот наградите ги посвети на својата ќерка Ана и синот Јан.

Влатко потоа на сцената го повика својот син со кого ја отсвиреа македонската народна песна „Учи ме мајко карај ме“. Одличната атмосфера во салата ја исполнија групата „Танец“ и хорот „Мирче Ацев“.

Текстот (Видео) Влатко растури- „Учи ме мајко, карај ме“ за сите времиња е превземен од Reporter.mk.