Под мотото #ОстаниДома, група од врвни македонски музичари, меѓу кои: Влатко Стефановски, Калиопи, Тамара, Весна Гиновска Илкова, Симон Трпчески, Андријана Јаневска, Ленче и Горан Кукиќ, Игор Џамбазов, Бени Шаќири, Алкесандар и Дац, Вера од Љубојна, Лозано, Пере, Миле Кузмановски и Васил Зафирчев,заедно ја отпеаа легендарната „Чукни во дрво“. Песната оригинално е бјавена на албумот „Путујемо“ на најдобриот македонски состав на сите времиња – „Леб и сол“
Покрај авторот на песната Влатко Стефановски, тукс се и Мандолинскиот оркестар „Скопје“ со кој диригираше Ерхан Шукри, Иван Кукиќ на бас гитара , а Јан Стефановски на тапани.
„Ова е тоа најоптимистичката песна која ја имам напишано, а сега, оваа верзија им ја посветувам на сите здравствени работници, кои со сите свои сили и знаења се справуваат со коронавирусот„, рече Влатко Стефановски.
Во организација и продукција на МРТВ и со цел поддршка и верба за брзо закрепнување на планетата, секој од учесниците, самостојно од дома, испратија обединета, универзална порака за она што е најважно – здравје, среќа иљубов.
Текстот (Видео) Влатко со цела естрада: „Чукни во дрво“ од срце за поддршка на здравствените работници е превземен од Reporter.mk.