Српскиот претседател Александар Вучиќ вети помош од 100 евра за секој полнолетен граѓанин во земјата, како мерка за надминување на економската криза, предизвикана од пандемијата со коронавирус.
Вучиќ ги претстави економските мерки со цел земјата полесно ја надмине кризата.
„Имаме пари за економијата, имаме и за уште нешто. Размислуваме да му дадеме на секој полнолтен граѓанин на Србија помош од 100 евра. Независно дали е вработен, невработен или пензионер. Тоа се околу 520 милиони евра. Сакаме да им помогнеме на претпријатијата да преживеат, но, на такво нешто ќе можат да сметаат само оние кои не отпуштиле повеќе од 10% од работниците“, вели Вучиќ.
„Сите претприемачи, со микро и мали претпријатија, за три месеци, па дури и ако кризата со коронавирусот трае подолго, ќе им се плаќа минималец“, најави вчера претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
На секој фризер, пекар, на сите вработени, на нивните фирми ќе им плаќаме за да го покриеме минималецот. Фризерот сега не може да заработи, но ќе има минимална плата и за себе и за своите вработени.
Сакаме да им помогнеме на претприемачите да преживеат, но на тоа ќе може да сметаат само оние кои не отпуштиле повеќе од 10% од работниците. Според Вучиќ, во земјата има повеќе пари во однос на другите држави од соседството.
„Не дозволив да се зголемат платите до максимум. Имаме три вида на финансирања во иднина. И ЕУ и ММФ изјавила дека ќе заборават на дефицитот на јавниот долг, но ние за тоа водиме сметка“, изјавил Вучиќ.
Вучиќ истакна дека ако не се промени однесувањето на граѓаните, подготвен е неделава да предложи воведување на полициски час 24 часа.
„Ќе воведеме полициски час на 24 часа следната недела, ако овие мерки не функционираат. Ова е со цел да ги заштитиме животите на нашите граѓани“, вели Вучиќ.
Текстот (Видео) Вучиќ вети по 100 евра за секој полнолетен граѓанин е превземен од Reporter.mk.