(Видео) За 50. роденден Лукас доби внука

Фолк-пејачот Аца Лукас вели дека за неговиот 50. роденден не можел да добие поубав подарок. Лукас минатата година наполни 50 години, а вели дека внуката е таа која го натерала да сврти нов лист во животот за работите да ги гледа на поинаков начин.

Лукас има четири деца и вели дека во сите ситуации емоциите му биле исти. И кога ги добил децата, но и кога станал дедо.

„Да ви кажам право, мислам дека сите кои зборуваат дека се чувствувале различно кога им се родиле син или ќерка, или кога добиле внуци, измислуваат. Далеку од тоа дека не сум емотивен, но мене сето тоа ми беше исто. Навистина не можам да рангирам која емоција ми беше посилна. Знам дека секој пат беше прекрасно. И кога ги добив децата и кога се роди мојата прва внука“, изјавил Лукас за магазинот „Хело“.

Аца Лукас, фотографијата со внуката ја споделил на социјалните мрежи, а коментарите под неа биле дека и двајцата неверојатно си личат и дека прекрасно му стои новата улога.

 

View this post on Instagram

 

❤️❤️❤️ NA DEDU!!!😭

A post shared by ACA LUKAS (@aleksandar_vuksanovic_official) on

Текстот (Видео) За 50. роденден Лукас доби внука е превземен од Reporter.mk.