(Видео) Заврши снимањето на „Сенки 2“

По осум месеци заврши снимањето на серијата „Сенки над Балканот“. Снимањето се вршеше на автентични локации во Словенија и Србија и со повеќе од 200 членови на екипата.

Серијата од есен годинава ќе се емитува на каналот „Нова С“. По огромниот успех на првата сезона, големата и уиграна екипа, со авторот и режисер Драган Бјелогрлиќ на чело, подготви уште поамбициозен драмски приказ од скриената историја на Балканот.

Другата сезона носи спектакуларна мешавина на акција, драма и мистерија. Главните ликови се Тане (Драган Бјелогрлиќ) и Станко (Андрија Кузмановиќ). Двајцата повторно се наоѓаат во срцето на мистеријата која може да ја промени судбината на Европа.

Меѓународните заговори, тајните друштва, екстремните идеологии, нарко војните, се историската позадина на возбудливата потрага за решавање на мистериите на страшните злостори кои го потресувале Белград во 1934 година. И во втората сезона ќе уживаме во улогите кои ги толкуваат Марија Бергам, Ненад Јездиќ, Горан Богдан, Јована Стоиљковиќ, Милош Самолов, Срџан Зика Тодоровиќ, Гордан Кичиќ, Никола Ѓуричко, Небојша Дугалиќ, Бранимир Брстин, Марко Живиќ, Тони Михајловски, Петар Арсовски, но и во новите ликови кои се доделени на Леона Парамински, Наташа Нинковиќ, Богдан Диклиќ, Весна Тривалиќ, Марко Грабеж и Игор Ѓорѓевиќ.

Креатор на серијата е Драган Бјелогрлиќ, музиката и овој пат е направена од Магнифико, а почетокот на емитувањето е планирано на есен во 2019 година на каналот „Нова С“.

 

 

Текстот (Видео) Заврши снимањето на „Сенки 2“ е превземен од Reporter.mk.