(Видео) Жежок танц на Памела Андерсон во „Танц со ѕвездите“

Поранешната плејбој зајчица Памела Андерсон (51), била дел од натпреварувачкото издание „Танц со ѕвездите“. Нејзиниот жежок настап со партнерот Максим Дерејмез го привлече вниманието на голем број фанови на интернет.

Голем број од обожавателите на Американско-канадската секс-бомба ѝ порачаа дека има движења како на 20 годишна девојка. Велат дека и покрај 51 година, нејзините атрибути повторно дошле до израз.

Освен што играла со својот партнер, Андерсон џускала со публиката, нешто што наишло на изненадување и воодушевување кај сите во студиото.

На крајот Памела и Максим добиле огромен аплауз. Таа и Дерејнез биле елиминирани од ова натпреварување. На крајот завршиле на петтото место.

 

Текстот (Видео) Жежок танц на Памела Андерсон во „Танц со ѕвездите“ е превземен од Reporter.mk.