Неколку дена откако го промовираше вториот албум „Во срцето“, Виктор Апостоловски има и нов спот, за песната „Убиј ме“. Спотот е снимен во боди-билдинг клуб, а покрај Виктор, во видеото се појавува кик-бокс шампионката Викторија Варадинова.
„Ако насловот звучи остро, тогаш видеото уште повеќе ќе ве изненади. Во спотот ме претепа преубавата кик-бокс шампионка Викторија Варадинова“, рече Виктор.
Пејачот вели дека песната ја направил уште пред 4 години. Тој низ годините неколкупати го менувал сценариото за спотот, а сега реши да направи видео според самиот текст.
„Единствената разлика е што во песната се зборува за психичка тортура, а во спотот девојката физички ме измачува“, раскажа тој.
Виктор веќе работи на својот следен видеоспот, а планира и неколку настапи во странство – во Словенија, Холандија и Грција.
Виктор Апостоловски: Во еуфоријата на „Идол“, делев секс совети и не можев да излезам од дома
Текстот Виктор доби ќотек од девојка е превземен од Reporter.mk.