Македонскиот идол, Виктор Апостоловски, го објави спотот за песната „Знам“. Тој самиот е целосен автор на музиката и текстот, а го режираше и видеото што го сними во родната Битола. Таму Виктор пред неколку месеци го отвори и своето ново музичко студио.
„Спотот немаше да го направам без поддршката на моите пријатели кои и самите се појавуваат во него. Ако заболи текстот негде или случајно некој си ја пронајди мувата на капата, тогаш веројатно зборам за неа/него“, рече тој кога го промовираше спотот.
Виктор и претходниве месеци беше активен музички, а годинава ги испеа песните „Бон тон“, In the Name of Love и My Apology. За пред Нова година најави уште една песна.
Текстот Виктор: Тој што ќе си ја најде мувата на капата, за него ми се песните е превземен од Reporter.mk.