Виктор за роденденот ќе се части нов албум

Виктор Апостоловски неодамна го заврши снимањето на вториот албум „Во срцето“ и за „Репортер“ откри дека сака да го промовира на својот роденден, 12 февруари. Албумот има 11 песни, и тој е автор на сите од нив. Песните се работени во период од неколку години, некои се нови, а други веќе познати на публиката.

„Никогаш не сум размислувал како да ги вклопам работите една со друга, ама бидејќи го живеам тоа што го сакам, нештата сами си се поклопуваат. Кога барав име за албумот воопшто не ми текна дека првиот албум се вика ‘Во моите сни’, а дека вториот ќе биде ‘Во срцето’. Исто и со песните. Никогаш не сум ги гледал работиве тематски или со некаква калкулација или цел, па камо ли со стил. Седнуваш и си ги истураш емоциите и сето тоа несвесно си се поклопува. И албумов, без разлика што има толку многу стилови, тематски се совпаѓа. Во него има и песни напишани пред 8-9 години и некои напишани пред месец дена. И сите заедно опишуваат еден неизбежен дел од сечиј живот, во случајов, од мојот“, ни раскажа Виктор.

Пејачот, кого јавноста го запозна со учеството во музичкото шоу „Македонски идол“, првиот албум „Во моите сни“ го промовираше во 2015 година.

(А.Ј)

Текстот Виктор за роденденот ќе се части нов албум е превземен од Reporter.mk.