Поранешната членка на британската музичка група „Спајс Грлс“, Викторија Бекам ја отстранила тетоважата која ја имала на нејзиното тело, а која била посветена на нејзиниот сопруг Дејвид Бекам.
Поранешната „спајсица“ гордо пред светот покажа дека тетоважата повеќе не е дел од неа. На местото можеле да се забелжат само бледи траги.
Тетоважата претставувал своевидна порака на хебрејски јазик. Таа гласела: „Му припаѓам на мојот сакан, а тој ми припаѓа на мене“.
Ова е само една од тетоважите за кои Викторија јавно изјавила дека се срами. Британските медиумите веќе подолго време пишуваат дека не е се така розево во домот на Бекамови и дека само прашање на време е кога бракот ќе се распадне.
Текстот Викторија Бекам ги отстрани тетоважите посветени на Бекам е превземен од Reporter.mk.