Викторија Бекам: „Не се сметам за убава жена“

Модната дизајнерка Викторија Бекам, во интервју за модниот магазин „Харперс Базар“, говореше за својот изглед, за тоа колку долго време била несигурна и незадоволна од себе си. Викторија која ја красеше насловната страна на модното списание, вели дека и понатаму не се чувствува како убава жена.

„Не мислам дека сум убава. Апосолтуно не. Но, се обидувам да го извлечам најдоброто од тоа што го имам. Ги гледам моите недостатоци и несовршеност и само ќе се насмеам и ќе ги прифатам. Но, долго ми требаше да дојдам до таква состојба. Еве сега имам 45 години и знам дека некои работи на мене се нормални“, вели Викторија.

Викторија зборуваше и за нејзините бизнис планови и кариерата како дизајнерка која ја гради веќе низ годините.

„Многу работи се изнаслушав за мене низ годините. Откако влегов млада во шоубизнисот па се до ден денес, сватив дека многу е потешко да го одржуваш својот успех, отколку да го постигнеш. Не е секогаш гламурозно како што луѓето мислат“, изјавила Викторија.

 

 

Текстот Викторија Бекам: „Не се сметам за убава жена“ е превземен од Reporter.mk.