Викторија Бекам пред банкрот

Викторија Бекам е во големи финансиски проблеми, пишуваат светските медиуми. Нејзиното модно царство се бори губиток од преку милиони евра. Модната дизајнерка и поранешна членка на групата „Спајс грлс“ морала да го отпушти својот возач, откако нејзината линија доживеала губиток од 12,3 милиони фунти.

Освен возачот, Викторија отпуштила и неколку клучни луѓе од нејзината модна компанија, само за да се извлече од долговите. За нејзиниот главен дуќан, кој се наоѓа во центарот на Лондон, Викторија ја откажала доставата на цвеќиња, кои дизајнерката редовно ги нарачува, само затоа што се сметаат за непотребен трошок.

„Воачи повеќе нема, Викторија сега самата вози или патува со такси. Таа е борец и сигурно нема да дозволи нејзиното модно царство да пропадне без борба“, изјавил извор близок до Викторија и додал дека таа има поддршка од бројни модни дизајнери.

 

 

Текстот Викторија Бекам пред банкрот е превземен од Reporter.mk.