Модниот дизајнер Викторија Бекам ќе лансира својa козметичка линија, пишува „Холивуд репортер“. Таа на „Инстаграм“ објави видео со кое ја најави својата козметика, а која се очекува да излезе во текот на есента.
„Сакам да се грижам за жените и однатре и однадвор, снабдувајќи ги со потребните шминки, производи за нега на кожата, мириси и витамини што ми се потребни во мојот живот“, вели таа во официјалната изјава.
Ова не е прв таков проект на дизајнерката. Во 2016 година, таа пушти на пазарот шминки, развиени во партнерство со Ести Лаудер, инспирирана од нејзините омилени градови (Лондон, Лос Анџелес, Њујорк и Париз).
„Работев како шминкер кога имав 18 години“, рече Бекам во интервју за нејзината веб-страница и додаде: „Ги видов моите слики и сфатив што функционира, а што не“.
Текстот Викторија Бекам промовира своја козметичка линија е превземен од Reporter.mk.