Актерот Вил Смит ќе снима продолжение на популарната хумористична серија во деведесетите години „Принцот од Бел Ер“. Целиот проект ќе биде во изведба на Вил Смит и неговата сопруга Џејда.
Двајцата основаа свое сопствено студио „Вестбрук“ каде ќе го снимаат продолжението на серијата. Првата епизода од хумористичната серија беше прикажана 1990 година на Ен-Bи-Sи мрежата.
Покрај снимањето на серијата Вил Смит изминатиот период работеше на снимањата на анимираниот филм „Шпиунажа и камуфлажа“, анимиран филм на кој работеше компанијата Blye Sky и „Лоши момци 3“ кој премиерно ќе се прикажува во 2020 година.
Текстот Вил Смит ќе снима продолжение на „Принцот од Бел Ер“ е превземен од Reporter.mk.