Актерот Вил Смит (49) вчера се пошегува на сметка на неговата колешка Хали Бери, праќајќи ѝ на Инстаграм смешна фотографија од нив двајцата. Вил Смит неможејќи да најде заедничка фотографија на интернет, со помош на фотошоп ги помешал нивните лица ѝ ја испратил како честитка за роденденот.
Актерот ги насмеа фановите со коментарот дека на интернет успеал да најде само една нивна заедничка фотографија.
„Мој драги Вил, не можам доволно да ти се заблагодарам за оваа убава честитка. Нека лицата секогаш ни бидат вака компатибилни и отсега да користиме само вакви фотографии, наместо вистински“, му одговорила Бери.
Вчера Хали Бери го прослави својот 52 роденден.
Текстот Вил Смит се пошегува јавно со Хали Бери е превземен од Reporter.mk.