Вили Вебер, поранешниот менаџер на Михаел Шумахер, изјавил за медиумите дека деновите на седумкратниот светски шампион во Формула 1 се одбројани.
Шумахер пред пет години доживеа тешка несреќа додека скијаше на француските Алпи, во одморалиштето Мерибел. Од тогаш во јавноста малку се знае за здравствената состојба на Германецот.
Вебер вели дека морал да се прости од Германецот со кого во текот на 20-годишната успешна кариера минале незаборавни моменти.
„Морам да затворам едно поглавје во мојот живот по долгиот период на оплакување на Шумахер. Во спротивно би полудел. Ги поминавме најубавите времиња заедно. Минавме низ се ѝ сешто во период од 20 години. Ми беше драг и верен пријател“, изјави Вербер, кој со Шумахер соработувал до 2010 година.
Иако малку информации стигнуваат за здравствената состојба на Германецот. Шумахер во моментов се наоѓа во Швајцарија во градот Гланд заедно со семејството.
Текстот Вили Вебер: Деновите на Михаел Шумахер се одбројани е превземен од Reporter.mk.