Вилијам и Хари јавно проговорија за кавгите во семејството

Принцевите Вилијам и Хари на еден форум каде што разговарале за своите хуманитарни цели, проговориле и околу несогласувањата во кралското семејство, со нивните сопруги.

На прашањето на водителката колку тешко им паѓа тоа што сите четворица како семејство мораат да се занимаваат со иста работа, принцот Вилијам одговорил дека во семејството има различни мислења и несогласувања, но тоа биле „здрави несогласувања“.

Во јавноста во изминатиот период британските медиуми беа преполни со текстови околу расправиите што ги имале браќата со нивните сопруги, а како резултат на тоа следела преселбата на Хари и Меган од Кенсингтонската палата. Принцот Хари објаснил дека работењето заедно како семејство било вистински предизвиик за сите нив.

„Имаме четири различни личности и сите ја имаме таа иста страст да направиме нешто поинаку. Имаме различни мислења и мислам дека таквите спротивности многу добро ги усогласуваме. Во ова ќе бидеме заедно до крајот на животот“, одговорил принцот Хари.

 

Текстот Вилијам и Хари јавно проговорија за кавгите во семејството е превземен од Reporter.mk.