Вин Дизел, ѕвездата на серијалот „Брзи и бесни“ сподели заедничка слика со режисерот Џејмс Камерон и објави дека ќе глуми во најмалку едно од четирите најавени продолженија на филмот „Аватар“. Во филмот ќе глумат и Сем Вортингтон, Кејт Винслет, Сигурни Вивер и Зои Салдана.
Камерон претходно најави дека ќе се врати „во светот на Пандора“ и дека новите делови главно ќе се снимаат под вода. Некои американски медиуми пишуваа дека подготвувајќи се за улогата, Кејт Винслет вежбала да го задржи здивот во вода седум минути.
Најголемиот дел од подводните сцени ќе бидат во следните два филма. Вториот дел на „Аватар“ е најавен за следната година. Четвртиот и петтиот дел на филмот ќе излезат во 2024 и 2025.
Текстот Вин Дизел ќе глуми во „Аватар“ е превземен од Reporter.mk.