Глумецот Вин Дизел има желба да оди во Кина и покрај заканата од коронавирусот. Тој вели дека негова желба е филмовите Bloodshot и Fast and Furious 9 да ја имаат планираната премиерата оваа година во земјата од каде почна епидемијата на опасниот вирус. 52 годишниот актер вели дека е одлучен да ги задоволи желбите на фановите.
„Сакам да се појавам пред публиката и пред фановите затоа што Бог знае колку тие се тука за мене“, изјавил Дизел за USA Today.
Во случај да биде одложена премиерата на филмовите, Дизел рече дека нема да обвини никого, но посочи дека Universal Pictures треба да се држи до ветеното и распоредот и филмот да ја има премиерата во мај.
„Нема да обвинам никој ако рече дека сме глупави што почнуваме со прикажување на овој филм сега. Но, сега ни требаат снимени филмови повеќе од кога било претходно. Веќе сме во време кога киното и кинематографското искуство се загрозени. Значи, да, премиерата дефинитивно не треба да се одложи“, вели Дизел.
Претходно премиерата на најновиот филм за Џејмс Бонд „Не е време за умирање“, поради коронавирусот, беше одложена од април за ноември.
Текстот Вин Дизел сака да оди во Кина и покрај заканата од коронавирус е превземен од Reporter.mk.