Пензионираниот велшки фудбалер Вини Џонс од својата покојна жена добил подарок за Божиќ, билети за Лос Анџелес. Тања Џонс неколку месеци пред да почине, сакала нејзинот сопругот за празниците биде заедно со неговите најблиски.
Двајцата беа во брак 25 години. Тања почина на 53 годишна возраст, по шестгодишна битка со ракот. Пред да почине, таа направила план, нејзиниот сопруг не остане сам за божиќните празници.
Според британски „Сан“, Тања купила карти за целото негово семејство. Близок пријател на Вини, вели дека Тања потрошила неколку илјади евра за новогодишниот одмор за сопругот и неговите најблиски.
„Тања беше жена која постојано мислеше на другите, иако минуваше низ тежок период. Таа сакаше да има семеен Божиќ. Тоа и беше многу важно“, вели изворот и додал дека Божиќ и бил омилена доба од годината на Тања.
Во разговор за „Сандеј Мирор“, поранешниот фудбалер, а денес глумец признал дека откако му починала сопругата, тој плаче речиси секоја вечер. Се потсетува на последните заеднички моменти со неа и најблсиките. Принзал дека ноќта кога починала го разбудила нејзиното кашлање.
„Прочитав многу книги, иако не сакав. Но, тоа морав да го направам. Знаев што значи кашлањето. Веднаш повикав помош. Таа се бореше околу 25 минути. Постојано и говорев дека ја сакам. Беше мирна, а дишеше се потешко и потешко. Наеднаш се стиши. Нежно ја држев за рака, ја мазев, а таа заспа засекогаш. Имав чувство како нејзиниот дух да излезе од неа и прелета покрај мене. Тоа ме смири. Ја погледнав сестрата и ја прашав дали мојата сопруга си замина“, раскажа Вини.
Двајцата се венчаа во 1994 година, а своите брачни завети ги повторија во 2007 година.
Текстот Вини Џонс добил необичен подарок од починатата сопруга за Божиќ е превземен од Reporter.mk.