Форест Витакер (57) во четвртокот ги достави документите за развод до судот во Лос Анџелес, пишуваат американските медиуми. Актерот се разведува од Кејша Наш Витакер (46) по 22 години брак. Тие се запознаа на снимањето на филмот „Одбројување“ во 1994 година, а наскоро потоа започнаа врска која заврши со брак во 1996 година. Иако не е познато зошто се разведуваат, во документите навеле дека бракот завршил поради „непомирливи разлики” меѓу нив.
Нивната најмлада ќерка Тру Витекер има 20 години, па двојката нема да се бори за старателство.
Витакер исто така побарал укинување на какво било плаќање на алиментација, што е вообичаена практика во вакви случаи, особено ако брачните другари се договориле за недвижностите и другиот имот.
Текстот Витакер се разведува по 22 години брак е превземен од Reporter.mk.