Една од најдобрите пријателки и блиски соработнички на Витни Хјустон, Робин Крафорд, наскоро ќе ја објави книгата ‘A Song for You: My Life with Whitney Houston, со нејзините мемоари. Во неа таа ја опишува врската која ја имала со поп-дивата. Робин открива дека Хјустон ја оставила затоа што сакала да се посвети на кариерата.
Поп-дивата се плашела дека во јавноста ќе ја обележат како лезбејка и тоа негативно ќе се одразело на неа, вели Крафорд.
„Никогаш не бевме етикетирани како лезбејки. Ги живеевме нашите животи и се надевавме дека засекогаш ќе останеме заедно“, открила Робин.
Двете се запознале летото 1980 година во Њу Џерси. Како тинејџерки работеле во летен камп. Нивната врска завршила во 1982 година. И покрај тоа што раскинале, останале добри пријателки.
„Да бидам со Витни Хјустон беше остварување на мојот сон“, вели Крафорд.
Робин вели дека подоцна ѝ било жал што морала да ја гледа нејзината пријателка како ги менува мажите, а била загрижена и поради нејзиниот проблем со дрогата.
Џермејн Џексон, Еди Марфи и Боби Браун, беа дел од мажите со кои пејачката се забавуваше. Најтешкиот дел од животот на Крафор бил во 2000 година, кога решила да даде отказ и да се тргне од животот на пејачката.
„Морав да побегнам од тоа. Морав да се спасам себеси“, изјавила Крафорд.
Мемоарите на Робин се очекува да бидат објавени за пет дена.
Текстот Витни Хјустон била во врска со најдобрата пријателка, ја оставила заради кариерата е превземен од Reporter.mk.