Додека внуците и наследниците на Есма Реџепова, која почина пред две години, на големо се караа за наследството и музичките права, гробот остана само со земја и суво цвеќе. Владата на Република Македонија подигна надгробен споменик. Кралицата на ромската песна доби пристоен дом, но со со грешка во епитафот.
На него пишува: „Споменикот го подига Владата на РМ“.
На оваа реагираа следбениците на групата Пуздер на македонскиот јазик. Според нив, на епитафот треба да стои „Споменикот го подигна Владата на Република Македонија“, а не го „подига“, како што е напишано на надгробата плоча на Есма.
Кралицата на ромската песна, добитничка на награди и признанија и национален уметник почина на дешен ден пред две години. Таа конечно доби пристоен дом на гробиштата во Бутел, оти нејзините наследници го оставија гробот само со земја. Првата година се правдаа дека така налагаат муслиманските обичаи, но и по една година не се потрудија да ѝ го средат вечното живеалиште.
Текстот Владата го утна епитафот на надгробниот споменик на Есма е превземен од Reporter.mk.