Владимир Поповски, пејачот на фолк-групата „Биоритам“ за „Репортер“ потврди дека тој и пејачката Анастасија Петреска наскоро ќе станат родители. Вели, возбуден е што ќе стане татко и со нетрпение го очекува раѓањето на бебето.
„Од март ќе бидеме трио. Чувството е неописливо, но сепак најубавото, најслаткото допрва следува“, ни рече тој.
Владимир и Анастасија се верија на почетокот на годината, додека беа на зимување во Банско. Освен што се подготвуваат за раѓањето на бебето, се подготвуваат и за свадба.
„Немаме закажано датум, но нашата свадба нема да биде класична. Поканите ќе бидат само за најблиските, тоа ќе биде приватна забава“, ни откри пејачот.
(А.Ј)
Текстот Владимир Поповски: Чекаме бебе со Анастасија е превземен од Reporter.mk.