Пејачот Владо Јаневски вчера ја имаше промоцијата на неговиот нов спот насловен „Главен град на тагата“. Музиката и текстот ги напиша самиот Јаневски, додека за аранжманот се погрижи Роберт Билбилов. Продукцијата е дело на Дарко Димитров.
Во спотот кој го режираше Бане Поповиќ, се појавува македонската манекенка Дунавка Трифуновска со уште неколку девојки.
“И покрај насловот “Град на тагата” песната, во себе носи убави и позитивни емоции. Тоа е една урбана приказна, спакувана во ведар спот”, изјави Јаневски за медиумите.
По повод 25 години кариера Владо Јаневски ќе одржи концерт во Охрид на 2-ри август.