Македонскиот пејач Владо Јаневски денес одржа прес конференција на која го најави концертот што ќе се одржи во арената Борис Трајковски по повод 25 на години кариера.
„Јас сум еден од ретките мохиканци кој што собра храброст да направи концерт во Арена“, рече Јаневски на пресот пред новинарите.
Концертот во организација на Прагма се случува 4 години по последниот концерт. Тој откри дека ќе испее околу 30 песни зс својата публика.
На прес-конференцијата, Владо Јаневски го промовираше и спотот за неговата нова песна „Откако си негова“.
Станува збор за балада во која главната улога ќе ја има првата Мис на Македонија Вера Мештеровиќ. Тој рече дека Вера ја избрал режисерот Дарио Јанковиќ.
Во видеото се појавува и Владо кој долги години не се појавил во своите спотови. Владо Јаневски најави концерт за ова лето во Античкиот театар во Охрид.
Текстот Владо Јаневски: Јас сум еден од ретките со храброст за концерт во „Борис Трајковски“ е превземен од Reporter.mk.