Македонскиот пејач Влатко Илиевски кој синоќа беше пронајден мртов во својот автомобил е третиот евровизиски претставник од Македонија што почина. Во 2011 година Влатко Илиевски ја претсавуваше Македонија на Евровизија во Германија со песната „Русинка“.
Претходно Македонија прерано се збогуваше од македонската музичка ѕвезда Тоше Проески кој загина во сообраќајка на пат за Хрватска во 2007 година. Тоше Македонија ја претставуваше на Евровизија во 2004 година со песната „Ангел си ти“.
Македонија остана и без Есма Реџепова, кралицата на ромската музика, која беше претставник на Македонија на Евросонг заедно со Влатко Лозановски, во 2012 година, со песната „Пред да се раздени“. Есма почина во 2016 година.