Фудбалерот Влатко Гроздраноски на својот роденден 36 роденден вторпат стана татко. Неговата сопруга Христина утрово роди девојче, а ќе се вика Мила.
„Мојата сопруга Христина Мицевска Грозданоска ми го даде најубавиот роденденски поклон што можев да го замислам. Се роди нашата ќеркичка Мила“, се пофали поранешниот репрезентативец на социјалните мрежи. Тој од пријателите доби честитки и за роденденот и за раѓањето на ќерката.
Влатко и Христина, која е поранешен модел, се во брак од 2016 година. Тие ја имаат и ќерката Антонија.
Текстот Влатко Грозданоски за роденденот доби ќерка е превземен од Reporter.mk.