Вечерва во Охрид, со пошеток во 22 часот, Влатко Стефановски ќе има концерт во Античкиот театар. Гитарскиот виртуоз ќе настапи заедно со неговите пријатели и долгогодишни соработници Теодосиј Спасов од Бугарија, хармоникашот Танос Ставридис од Грција, Биља Крстиќ од Србија, Весна Гиновска Илкова и групата „Љубојна“ од Македонија.
Посетителите ќе можат да го слушнат неговиот последен проект, албумот „Мајчин јазик“.
„Верувам дека охридскиот концерт ќе биде кулминација на сите мои трагања, музички и просторни. Со нетрпение го очекувам концертот и моите гости кои доаѓаат од разни страни, вели Стефановски. За Охрид рече дека е место полно со магија, дух, уметност, неверојатна природа и претставува секогаш голема инспирација и возбуда за него. На концертот ќе присуствува и првата жена премиер на Словенија Аленка Братушек.
Текстот Влатко: Концертот во Охрид е кулминација на сите мои трагања е превземен од Reporter.mk.