Влатко Лозановски на почетокот на март заминува на турнеја во Америка и Канада. Пејачот ќе одржи неколку концерти во Чикаго, Колумбус, Детроит, Њу Џерси и Торонто.
„Помина само еден ден откако официјално објавивме дека Влатко има турнеја во Америка и Канада и верувајте дека мојот мобилен телефон не престанува да ѕвони. По се изгледа нашинците ќе го видат Влатко и во неколку други градови во Америка“, изјави организаторот на турнејата.
На настапите Влатко ќе биде придружуван од професионални музичари. Публиката на концертите ќе слушне некои од најголеми хитови „Километри“, „Јако, јако“, „Мајко“, „Ова лето ќе се памети“, „Сонце не ме грее“, „Надеж“, „Не те вадам од памет“ и многу други. На концертите Лозано ќе испее и некои од најпознатите македонски народни песни.
„Се радувам што за првпат ќе настапувам пред многубројната македонска публика во Америка и Канада. Наназад низ годините имав доста понуди од таму, но решивме дека сега е вистинско време за една голема турнеја. Со нетрпение очекувам да дојде март и да започнат концертите. Она што е интересно, откако објавивме на социјалните мрежи дека ќе одржам неколку концерти ми пристигнаа и доста пораки од Срби, Босанци, Хрвати и Бугари кои ми кажаа дека ќе бидат дел од публиката“, изјави Влатко Лозаноски.
Лозано минатата година во март имаше успешен концерт во „Борис Трајковски“, а потоа следеа и концертите низ останатите градови низ цела Македонија. Тој беше единствениот македонски артист кој одржа успешен концерт на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.
Неодамна Лозано во Белград на најголемиот музички настан во Јужна Европа – „МАК“, ја освои наградата за најдобра поп-фолк нумера во целиот регион, за песната „Мајко“.
Текстот Влатко Лозановски заминува за Америка е превземен од Reporter.mk.